Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Основниот суд во Кочани го осуди доживотно Усеин Рашидов кој со 40 убоди со нож лани во септември ја уби самохраната мајка на три деца во Кочани, Танкица Младеновска. Убиецот ја признал вината и осуден е за „Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин“.

„Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка“, соопшти судот.

Четириесет и шестгодишната жена почина од убоди со нож пред куќата во која живеше во Кочани. Убиството се случи изутрина кога жената, инаку мајка на три деца, тргнала на работа. 59 годишниот маж, осомничен за убиството, со нож и нанел 40 убодини рани.

Тој, на 25 септември, од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место.По убиството ја почекал полицијата и мирно се предал. 

Таа го пријавила напаѓачот со кој била во љубовна врска врска, во мај, за уцена, односно дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа ако не му даде пари. По таа пријава е постапено, но немала пријави до Обвинителството за насилство или закани по нејзиниот живот и загрозување на сигурноста од осомничениот.

Невладините и шелтер центрите за жени - жртви на семејно насилство уште поодамна реагираа дека институциите потфрлаат во полето на заштита на жртвите со што со секоја година расте бројот на случаи познати како фемицид.


Слично

Поврзани вести