Доживотен затвор му се заканува на македонскиот државјанин кој во Тирана уби две сестри
На македонскиот државајнин кој уби две сестри во Тирана му се заканува казна доживотен затвор.
Станува збор за Перпарим Адеми (60), кој на 31 декември 2020 година изврши двојно убиство.
„Обвинителството денеска побара доживотен затвор за Перпарим Адеми, кој утрото на 31 декември 2020 година смртно ги застрела сестрите Кристина Барди и Жанета Метани, во нивниот стан во населбата „Астир“ во Тирана“, пренесува Ора њуз.
Тој со автоматска пушка прво ја усмртил Жанета, со која бил во љубовна врска, а потоа ја убил и нејзината сестра Кристина. Пред неколку години Перпарим го сменил презимете од Тела во Адеми. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите, по што избегал, но по неколку часа полицијата го приведе и тој го призна делото. Пресудата ќе биде соопштена на 7 јули 2022 година.
Слично
