Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доживотен затвор и за Сулејман Османи во случајот „Диво Насеље“

Доживотен затвор и за Сулејман Османи во случајот „Диво Насеље“

Сулејман Османи, обвинет во случајот „Диво Насеље“  е осуден на доживотен затвор, а пресудата денеска беше соопштена во Кривичниот суд.

На Османи му се судеше во посебна постапка за разлика од останатите 37 обвинети во овој случај, затоа што тој една година не беше достапен за органите на прогонот, односно беше во Косово. По неговата екстрадиција му се судеше во издвоена постапка.

Обвинетиот е виновен за учество во терористичка организација и тероризам поради што го осуди на доживотен затвор. Тој појасни дека иако обвинетиот Османи во текот на постапката не ги признавал делата кои му се ставаат на товар, сепак судот одлуката ја донел ценејќи ги сите материјални докази.

Вчера судот осуди на казна доживотен затвор седум обвинети за терористичкиот напад во „Диво Насеље“, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда затоа што обвинителството не доставило доволно докази.

Групата на 9 и 10 мај во Куманово уби 8 припадници на вооружените сили и рани 40-тина. 

Слично

Поврзани вести