ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА ОД ПОНЕДЕЛНИК - засилени врнежи се очекуваат во вторник и среда
Денеска не очекува сончево и топло во претпладневните часови низ целата земја. Сепак веќе во попладневните часови синоптичарите најавуваат дека во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Веќе од понеделник се најавени почести врнежи, особено во вторник и среда.
Како што укажуваат од УХМР следната недела доаѓа период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²).
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
See less
