Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дождот ги наполни реките, најмногу вода придал Вардар

Дождот ги наполни реките, најмногу вода придал Вардар

Западниот и северниот дел од државата бил најмногу зафатен од дождовите кои наврнаа најмногу во Лазарополе .

Надлежните од УМХР регистриаа најголемо количество на дожд токму таму каде врнежите биле 92 литри на метар квадратен.

Зад Лазарополе на листата региони каде најмногу врнело во изминативе 24 часа се Маврово 71; 68 литри на метар квадратен во Пожаране; 65 во Крушево и 52 во Тетово.

Врнежите ги наполнија реките и ги зголемија водостоите при што најголеми вредности на водостоите има Вардар од Јегуновце = 192 и од Радуша  198.

Реката Пена во 140, Треска во Македонски Брод 188. 

Радика и Сатекса имаа вредност 169 и 168.

За денеска меторолозите најавија расчистување на облаците и нема нови најави за дожд.

Слично

Поврзани вести