Дожделиво утро, попладне сончево: Времето денес
Утрово се разбудивме со локален дожд и зголемена облачност , на места имаше и ретки грмежи.
Времето ќе се стабилизира попладне . Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, а УВ индексот – 7.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за појава на ретка изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.
