Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

Oд утре се очекува промена на времето. 

Во недела нѐ очекува претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од  снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.). Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат од 4 степени до 13 степени.

Метеоролозите за во понеделник најавуваат променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -5 степени до 1 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 10 степени.

Времето денеска во цела Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Слично

Поврзани вести