Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЖД И ДЕНЕСКА: Сепак се враќаат горештини

ДОЖД И ДЕНЕСКА: Сепак се враќаат горештини

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде до 35 степени, а во Скопје до 30 степени.

Во актуелното предупредување стои дека до вторник ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер до над 70 километри на час и услови за појава на град.

Од среда времето ќе биде сонќево и темепартурата ќе се зголемува повторно.

Центарот за управување со кризи вчера апелираше до граѓаните, поради најавите за невреме со поројни дождови и ветар, да не движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност - да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Слично

Поврзани вести