Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЖД И ДЕНЕСКА, НО СО ПОМАЛ ИНТЕНЗИТЕТ, НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ: слично време не очекува и во текот на работната недела

ДОЖД И ДЕНЕСКА, НО СО ПОМАЛ ИНТЕНЗИТЕТ, НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ: слично време не очекува и во текот на работната недела

Денеска не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. 

На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје исто така се најавува променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Температурите денеска се очекува да достигнат до максимални 14 степени. Утринските температури ќе се движат во интервал од 1 до 8 степени, додека дневните ќе бидат од 5 до 14 степени целизиусови.

Од понеделник исто така се очекува да продолжи променилвото време, а температурите ќе останат во сличен интервал. Утринските ќе се спуштаат и под нулата.  

Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести