Доверба од граѓаните ќе бараат пет коалиции и шест партии
Пет коалиции и шест политички партии ќе се тркаат на изборите закажани за 11 декември.
Во изборната единица еден, во двојката и во петката, ќе има најголем број на кандидатски листи, и тоа 5 од коалициите и партиите.
Најинтересно ќе биде во четвртата изборна единица во која треба
да се соочат лидерите на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев.
Во истата изборна единица Љубчо
Георгиевски е носител на листа на коалицијата ВМРО за Македонија и екс разузнавачот, Слободан Богоевски од Коалицијата за промени и правда.
20.591 македонски граѓанин своето избирачко право ќе може да го остварат во 41 дипломатско- конзуларно претставништво, а во Берн и Венеција ќе бидат отворени по уште три гласачки места, затоа што има голем број пријавени за остварување на гласачкото право.
Рокот за испраќање на избирачкиот список на увид до партиите итекува на 16. Ако партиите имаат забелешки ќе треба да ги пријават до ДИК.
Жрепката за редоследот на партиите на гласачкото ливче ќе се одржи на 20 месецов.
По Социјал-демократската партија, ДИК ги отфрли и листите на Народното движење за Македонија на Јанко Бачев, кои имаат право на жалба до Управниот суд.
