Економија, финансии, бизнис

Контакт

Достовски: Сум помагал за канабис на луѓе од полиција и обвинителство

Достовски: Сум помагал за канабис на луѓе од полиција и обвинителство

Фото: А1он

Активистот на Зелена долина за легализација и изработка на малса од канабис, Филип Достовски, денеска пред Кривичниот суд пред почетокот на судското рочиште рече марихуаната која му ја пронашла полицијата му била дадена од негов познаник за да му направи „лек“.

-Не уапсија двајца, кај мене најдоа див коноп кој расте во Кочани. Анализите во Израел на оваа тревка покажаа дека е добра за епилепсија. Кај мојот другар најдоа  THC канабис. И двата канабиси беа дадени од пациенти да им изработиме масло. Еден од пациенти е припадник на МВР. Мојот другар се сложи на условна казна, јас не сакам да се сложам, не сакама да бидам осуден за криминал затоа што ништо немам направено. Он изгледа попушти под притисок – изјави Достовски.

Освен припадници на полицијата, Достовски лекувал и пациенти блиски на обвинителката која поднесе обвинение против него.

-Обвинителката ми кажа на едно рочиште „не се секирај, знам се што си правел, си правел и за мои блиски луѓе“. Сакам да прашам дали тие луѓе ќе се сложат со обвинението што е покренато против мене, обвинението е смешно. Позади мене немам никој, ко што ме обвинуваат дека стојат бизнис структури. Најверојатно ќе ме судат на база на мислење не на знаење. Треба да ме судат на база на научни податоци, а не на суеверие – посочи тој.


Слично

Поврзани вести