Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДОСТА МИ Е ОД ЛИЦЕМЕРИЕ И КОРИСТОЉУБИЕ“: Грчева со поразлична порака за празникот, еве што ја испровоцира

„ДОСТА МИ Е ОД ЛИЦЕМЕРИЕ И КОРИСТОЉУБИЕ“: Грчева со поразлична порака за празникот, еве што ја испровоцира

Поранешната пратеничка и политичарка, воедно и професорка, Солза Грчева се огласи по повод денешниот празник Прочка, но со многу поразалична порака од вообичените. 

- Денес е прочка, но денес мене лично ми е ден кога решив на многу луѓе да не им простам - напиша Грчева на социјалните мрежи. 

Таа даде и свое објаснување, зошто оваа година решила да не им прости на многумина. 

- На сите оние кои знаеја дека одам на тешка операција ( корекција на погрешна операција направена од неодгорен и неук морон, на скршена бутна коска) и не најдоа за потребно да ми пожелат среќа, ниту да прашаат како сум поминала, нека ми прости Бог, не им проштевам. 

Секогаш сум се трудела да помагам, да сочувствувам, да се најдам во неволја. Затоа, токму ним ваквото однесување никогаш нема да им го простам. Доста ми е од лицемерие и користољубие - напиша Грчева, но не заборави да им посака убавини на пријателите. 

„На сите останати драги пријатели, Ви пожелувам здравје и среќа!“

Еве ја нејзината обава: 



Слично

Поврзани вести