„ДОСТА КУКАВТЕ ПАТРИОТИ, ФРАНЦУЗИТЕ НЕМААТ ПРОБЛЕМ СИРЕЊЕ И ВИНО ДА ГИ ГЛЕДААТ КАКО ЕЛЕМЕНТ НА ИДЕНТИТЕТ“: Се огласи и Колозова
Активистката Катерина Колозова вели дека во студија направена во 2013 година, храната била наведена како дел од македонскиот идентитет.
„Доста кукавте горди патриоти, Французите немаат проблем сирење и вино да ги гледаат како елемент на идентитет, а Германците пиво. Не бидете така кринџ-помпезни. Инаку, во студија од 2013, изведена на 1350 испитаници, храната Е НАВЕДЕНА како дел од македонскиот идентитет - во делот на отворените прашања, самите испитанци ја сугерираат. Побарајте ја студијата за перцепција на идентитетот, објавена на три јазици, преведена на 4, и цитирана сто пати, спроведена од наши истражувачи (на ИОХН-С), издадена 2013, и пак 2014 како комбинација на квантитативно и квалитативно истражување“, напиша таа.
