Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доскорешниот градоначалник на Сопиште на чело на Дрисла, „Градски паркинг“ се враќа во рацете на Демократски сојуз

Доскорешниот градоначалник на Сопиште на чело на Дрисла, „Градски паркинг“ се враќа во рацете на Демократски сојуз

Доскорешниот градоначалник на Општина Сопиште Стевче Трпковски кој не ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат е назначен за директор на ЈП „Дрисла“, соопшти Град Скопје. 

Назначен е и нов директор на ЈП „Градски паркинг“, со кој повторно ќе раководи кадар на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов. За директор е избран Владимир Кроневски, досегашен директор на Службен Весник, а во градоначалничките мандати на Коце Трајановски и Петре Шилегов беше раководител на сектор паркиралишта и помошник-директор.

Трпковски на позицијата доаѓа на местото на Самир Хусени, кој беше назначен од ексградоначалничката Данела Арсовска, а Кроневски на местото на досегашниот Мартин Гаврилски.

Слично

Поврзани вести