Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСИЕ СУБВЕНЦИИ: Брачна двојка одобрила пари на бенд во кој членувал нивниот син

ДОСИЕ СУБВЕНЦИИ: Брачна двојка одобрила пари на бенд во кој членувал нивниот син

Сопружниците Лилјана и Методија Автовски заедно или поединечно одлучувале за судбината на авторите и изведувачите на дури осум од реализираните конкурси од Законот за поддршка на домашната музичка продукција. Лилјана дури шестпати била член на комисијата, а Методија четирипати, еднаш и во улога на претседател (прв квартален конкурс за 2015 година). На членовите на комисијата за извршената работа им следува поединечен паричен надоместок во износ од 10.000 денари, по конкурс. Ако им се исплатени предвидените хонорари од државата, во семејниот буџет на брачната двојка завршиле вкупно 100.000 денари.

Членовите на комисијата се избираат по случаен избор (лотариски систем) од листа со 50 лица која по пат на јавен повик ја подготвува директорот на Македонската радиотелевизија. Автовски ја имале таа среќа да партиципираат во комисијата на повеќето конкурси и да одлучуваат како ќе бидат распределени народните пари.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, овде

Слично

Поврзани вести