Економија, финансии, бизнис

Контакт

Досие Дилавер Бојку - Убиенот бос за кого САД бараше повисока казна

Досие Дилавер Бојку - Убиенот бос за кого САД бараше повисока казна

Убиениот Дилавер Бојку на јавноста најмногу и е познат по тоа што беше осуден за организирање на проституција во струшкиот регион со девојки од странство од кои дел од нив биле принудувани. Тоа што јавноста помалку го памети е првичната минимална пресуда во судскиот процес од 2003 година кога Бојку доби само 6 месеци казна затвор иако делата за кои се товареше имаа многу поголем обем. Потоа незадоволство отворено покажа САД кои во тој период се залагаа за борба со трговијата со луѓе на Балканот. 

Во повторената постапка Бојку доби 3 години и 8 месецо затвор но, и оваа казна не беше вистинска рефлексија на сторените дела бидејќи се откажа клучниот сведок против него. Бојку исто така успеа да избега без лисици на рацете при спроведување во затвор од судот.

 Во 2003 година САД нудеа 10.000 долари за оној кој ќе го пронајде или даде некакви информации за Бојку, за потоа да биде фатен во Црна Гора и екстрадиран во Македонија.

Бојку во координирана акција со црногорските власти и македонското Министерство за внатрешни работи беше фатен во Улцин, Црна Гора и со хеликоптер беше екстрадиран во Македонија.
Тој се подготвувал да избега во Бразил. По завршувањето на кривичниот прогон и одлежаната казна Дилавер Бојку - Лека започна наводно легален бизнис во угостителството.

Судирот со Зијадин Села

Меѓу Бојку и Зијадин Села во 2013 година постоеше конфронтација додека сегашниот пратеник беше градоначалник на Струга. Општинските власти фршеле контроли врз угостителскиот објект „Аква блу“ на Бојку по што тој му се заканувал на Села за што доби и предупредување од полицијата. 

Мотивите засега непознати

Засега од МВР не соопштиле официјално кои се мотивите за убиството на Бојку бидејќи истрагата е во рана фаза, но има повеќе сомнежи. Бојку бил практично ликвидиран застрелан во главата од непосредна близина по што пукачот избегал со мотор што асоцира дека можеби бил професионално ангажиран. Според повеќе портали на албански јазик една од причините за убиството е крвна одмазда за убиство сторено од синот и братот на Бојку.

Х.С.

Слично

Поврзани вести