ДОШОЛ ОД ГЕРМАНИЈА НА ОДМОР ВО ВАЛОНА И ЕВЕ ШТО ГО СНАШЛО - запалено ауди на кичевец
| Во раните утрински часови на паркинг пред хотел кај албанскиот приморски град Валона запален е луксузен автомобил, сопственост на македонски државјанин, јави МИА. |
| Автомобилот „ауди“ е во сопственост на Албанец од Кичево, кој живеел и работел во Германија. Тој пред четири дена прстигнал на одмор во Валона, наведуваат албанските медуми. |
| Полицијата информирала дека автомобилот „Ауди-А8“, производство 2019 година, бил запален во 5:18 часот. |
| Според првичните сознанија од увидот автомобилот бил намерно запален откако бил полиен со безнин, од се уште непознати мотиви. Истрагата е во тек, стои во полициското соопштение. |
| Кичевецот за албанските медиуми изјавил дека немал недоразбирања со никого и оти во Валона прстигнал на годишен одмор. |
| „Јас сум од Македонија, од Кичево, живеам во Германија, дојдовме заради одмор и еве што ни се случи. Автомобилот целосно е изгорен. Не се сомневам во никого, немам недоразбирања со никого. Полицијата истражува, бебедносните камери го имаат снимено настанот“, изјавил оштетениот, видно вознемирен. |
Слично
