ДОШЛЕ СОПРУГАТА И МАЈКА МУ, ТОЈ ИЗБЕГАЛ: Филмско бегство во затворот во Прилеп
Затвореник од заторот во Прилеп избегал викендов, а бегството не било забележано ниту од безбедносните камери ниту од затворската полиција, јавува Канал 5. Според медиумот вчера околу пладне затвореникот имал посета - дошле мајка му и сопругата.
Се претпосатвува дека тој избегал токму з авреме на посетата, а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени. Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема.
Била аламирана затворската управа и полицијата и започнала потрага. Сопругата и мајку ми биле задржани во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.
Според првичните и неофицијални информации станува збор за 36 годишен гостиварчанец осуден на 20 години затвор поради тешки кражби
