Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСЕТЛИВОСТ: За да се спасат од блокатори, вадат цело тркало!

ДОСЕТЛИВОСТ: За да се спасат од блокатори, вадат цело тркало!
Во првите седум месеци од годинава граѓани украле 12 блокатори поставени на тркала за непрописно паркирање, информира Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје. Од 2010 година кога првпат беа воведени блокаторите украдени се вкупно 121. Од Јавното претпријатие се сомневаат дека блокаторите ги крадат граѓани кои сакаат да се спасат од казната за непрописно паркирање. Тие го заменуваат тркалото на кое е поставен блокаторот со ново и го напуштаат паркингот. Од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје апелираат до граѓаните да ја чуваат и да не ја оштетуваат опремата на јавното претпријатие и да ги почитуваат правилата за паркирање на зонските паркиралишта.
Слично

Поврзани вести