Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја лажел жената дека му е кум на нејзиниот син и и зел 10 илјади денари

Ја лажел жената дека му е кум на нејзиниот син и и зел 10 илјади денари

Што нема да им текне на измамниците за да им земат пари на лековерните граѓани. Еден од нив лажел жена дека е кум на нејзиниот син, па така ја олеснил за 10 илјади денари. 

„На 24.01.2020 во 14,40 часот во СВР Скопје Ј.П.(70) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот во дворот од нејзината куќа на улицата “Тодор Чангов“ од непознат сторител била измамена за сума од 10.000 денари. Имено измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако дошол во домот на оштетената и се претставил дека му бил кум на нејзиниот син и и побарал 10.000 денари затоа што наводно камионот му бил заглавен на царина. Откако му ги дала парите тој го напуштил местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести