Досега во Македонија 139.266 луѓе се избориле со коронавирусот
Досега во земјава 139.266 луѓе се избориле со коронавирусот. Толкав е бројот на оздравени.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.
Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево - по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (50г,62г,66г,79г,81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г). Од пријавените сите се починати во болнички услови.foto freepik
Слично
