ДОСЕГА СПАСИЛ 150 БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ - ова е хуманиот Кемал, секое куче има куќичка, храна и вода
Кемал Назири од Скопје спасува бездомни животни. Во моментов се грижи за 15 кучиња и 7 мачки. Овој 40 годишен скопјанец работи како воено лице. За себе вели дека уште од дете ги сакал животните. На ваков чекор се одлучил пред две години. Од тогаш до сега, од улица спасил околу 150 животни.
Оваа приказна за телевизија Сител ја раскажал Кемал Незири.
Денот му почнува рано наутро кога доаѓа на својот плац со површина од 2800 метри квадратни. Токму на ова место се сместени животните. Секое куче има своја куќичка. Малите вкупно 9 на број, се сместени во посебна просторија. Освен храна и вода, повредените кучиња добиваат и соодветна медициска терапија. Сите се стерилизирани, вакцинирнаи и подготвени за вдомување.
За жал Кемал вели дека мал е бројот на луѓе кои сакаат да ги вдомат овие животни.
Љубителите на животни можат и да волонтираат на ова прибежиште. Доколку сакаат граѓаните може и да донесат куче и да се грижат за него барем еднаш неделно, но под услов тоа да биде чипирано, вакцинирано, стерилизирано или кастрирано.
фото: Сител
