ДОСЕГА ПРИЈАВЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ, НЕ БИ ПРОШЛЕ НИ НА КОНКУРС ВО МЕСНА ЗАЕДНИЦА: Еве што мисли Петров за изборот
Во синоќешното гостување во вестите на Сител Телевизија, поранешниот генерален секретар и актуелен член на извршниот одбор говореше за процесот на избор за претседател на партијата, нагласувајќи дека дел од досега пријавените кандидати не можат да се пријават на конкурс во месна заедница.
„Моето убедување е дека претераното брзање е непотребно во оваа ситуација. Мојот апел е сите луѓе кои се кредибилни и повлечени, затоа што дел од овие кандидати што се пријавуваат не можат да се пријават на конкурс во месна заедница.“, нагласи Петров
Тој истакна дека помеѓу пријавените има кредибилни имиња, но и такви кои не сфатиле дека ова не е желботека.
„СДСМ има потреба од внатрепартиски консензус кој ќе овозможи партијата да го преброди тешкиот период на опозиција со само 18 пратеници“, рече Петров.
Петров потенцираше дека новиот претседател на партијата мора да биде авторитетен, но и да ја турка партијата напред како што тоа го правеле Црвенковски и Заев кои имале лидерски капацитет.
