ДОСЕГА ОД КОВИД ПОЧИНАЛЕ 7.072 ЛИЦА: Секојдневно нови бројки на заразени од коронавирус
Во Македонија вчера се пријавени 10 починати од последиците од коронавирусот и 511 нови случаи од таа инфекција.
Според соопштението на Министерството за здравство, од 3.622 тестови за коронавирус во последните 24 часа, позитивни биле 14,11 отсто.
Во Македонија од коронавирус досега починале 7.072 лица, од почетокот на епидемијата се регистрирани 200.412, а активни се 6.191 случаи.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека оздравеле уште 497 пациенти, со што вкупниот број на излекувани се искачи на 187.149.
Слично
