Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСЕГА ЧЕТИРИ КАНДИДАТУРИ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ, ПОДНЕСЕ И ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ - рокот завршува во 16 часот

ДОСЕГА ЧЕТИРИ КАНДИДАТУРИ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ, ПОДНЕСЕ И ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ - рокот завршува во 16 часот

Досега четворица кандидати се пријавија за претседател на СДСМ.

Во моментов кандидатура поднесува Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, откриваат извори од СДСМ. 

Инаку, рокот за поднесување на кандидатурите истекува денеска во 16 часот. 

Како што е познато, досега кандидатури поднесоа Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски. 

Нивните кандидатури се веќе поднесени и ќе чекаат на изборите кои се вонредни и се закажани за 12 декември годинава. 

Фактор се обиде да стапи во контакт и со Миле Зечевиќ, кој исто така наведе дека до последен момент ќе размислува дали да се кандидира, но не успеавме да го добиеме на неговиот мобилен телефон.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести