ЕВЕ КОЈ ДОАЃА НА МЕСТОТО НА МИРОСЛАВ БОГДАНОВСКИ - Даниела Николова нов пратеник во Собранието од СДСМ
Даниела Николова ќе биде нова пратеничка во македонскиот законодавен дом. Таа ќе дојде на позицијата на Мирослав Богдановски од ДОМ, кој си поднесе оставка.
Всушност, по редот од листата доаѓаше Анета Симеска-Димоска, која неодамна седна на позицијата на Државниот пазарен инспекторат, но таа одбила да биде пратеничка бидејќи неодамна беше именувана за в.д. директорка на Државниот пазарен инспекторат.
Со оглед што Богдановски беше од ДОМ, а Николова е од СДСМ, ова значи дека СДСМ добива уште еден пратеник во Собранието од своите редови.
Државната изборна комисија (ДИК) веќе го потврдила мандатот на Николова.
Тој, како што пишуваше Фактор, вчера си поднел оставка од функцијата пратеник. За тоа се уште не ја известил претседателката на партијата Маја Морачанин која пак денеска гостуваше на Утрински брифинг на Слободна ТВ и потврди дека денеска дознала за тоа. Сепак не ја информирал Богдановски туку собраниските служби.
„Денеска сум известена дека пратеникот Мирослав Богдановски си поднел оставка од Парламентот, и јас не сум ја видела, но имаме седница на Парламентот и веројатно ќе биде ставена да се констатира на пленарна собраниска седница, тоа е процедурата, рече Морачанин.
Таа рече дека во ДОМ се уште има внатрепартиски разлики ама дека тоа не еништо страшно.Мирослав Богдановски од ДОМ е вториот пратеник кој на клучната собраниска седница во април за усвојување на економските мерки од петтиот владин пакет се појави во скафандер што наиде на остри реакции од опозицијата во парламентот.
