Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дорис Пак за Фактор: За пет години Македонија може да ги заврши преговорите со ЕУ

Дорис Пак за Фактор: За пет години Македонија може да ги заврши преговорите со ЕУ

Македонија може да биде на крај на преговорите со Европската Унија за пет години од сега и комплетно да ја смени својата иднина, вели за Фактор, Дорис Пак, ветеранка во европската политика, поранешна европратеничка од Германија, добар познавач на состојбите во земјава и Балканот. На прашањето каде од актуелниот контекст ја гледа Македонија за пет години таа има оптимистички поглед. Во тој период, според неа, преговорите ќе се пред крај. Сепак има многу „ама“ до тоа време. Вели дека сега предизвикот е голем, а тврди дека граѓаните треба да излезат и да се изјаснат за референдумот. Влогот, вели е нивната иднина и иднината на државата.

„Се надевам дека овој референдум може да стави крај на бесмислената и штетна ситуација што ја попречува Македонија да продолжи со својот пат кон ЕУ. Секој граѓанин треба да размислува за иднината на идните генерации. Како долгогодишен пријател на земјата апелирам до граѓаните да гласаат и да гласаат за европска иднина на Македонија, вели Пак за Фактор.

Крајот на преговорите сепак, според неа, ќе е условен од желбата и способноста на Владата, опозицијата и Парламентот да направат сé за да го приспособат законодавството кон ЕУ и да го спроведат.

Ѓ.Т.

Слично

Поврзани вести