Дорис Пак за „Фактор“: Нема потреба од долго чекање за членство на Македонија во ЕУ
Нема подобар политичар кој може да процени колку години ќе и бидат потребни на Македонија за официјално да биде примена во Европската унија од Дорис Пак, која за „Фактор“ го дава своето гледиште пред денешниот почеток на скрининг-процесот во Брисел и претстојниот референдум на 30 септември.
Таа воедно е и искусен административец и законодавец во Европската унија и добар познавач на земјите од Балканот. Поранешната пратеничка во германскиот и европскиот парламент смета дека најпотребно е преговарачите од Македонија да се покажат како искусни и македонската власт и опозиција ефикасно и здружено да го имплементираат европското законопдавство.
Слично
