Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дорис Пак се чуди зошто ЕУ не рагира за „Рекет“

Дорис Пак се чуди зошто ЕУ не рагира за „Рекет“

Дорис Пак, претседателката на Европската народна партија, по повод случајот „Рекет“ во земјава и изнудата во која се споменува името на шефицата на СЈО Катица Јанева, запраша на социјалните мрежи зошто не реагира Европската служба за надворешни работи.

-Граѓаните ми пишуваат и ми се јавуваат. Решението на спорот околу името не може да биде причина за затворање на очи пред криминалната реалност-напиша Пак , додавајќи дека и премиерот Заев се спомнува во еден дел на снимките.

Во случај на Рекет, е обвинет шоуменот Бојан Јовановски, пзнат како Боки13, поради сомнение дека изнудил од скопскиот бизнис Јордан Камчев повеќе од милион евра за да му издејствува укинување на мерката притвор.

Новинарот на Ла Верита Ларис Гајсер, викендов ја продолжи серијата аудио снимки и видео колумна, изразил чудење што досега не реагирале шефицата во заминување на европската унија Федерика Могерини, и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.


Слично

Поврзани вести