Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДОРЧО УМРЕ НА ТОПЛО ОПКРУЖЕН СО МНОГУ ЉУБОВ“ - граѓаните тагуваат по коњот кој беше повреден, а потоа згрижен и лекуван од ветеринарот Димоски

„ДОРЧО УМРЕ НА ТОПЛО ОПКРУЖЕН СО МНОГУ ЉУБОВ“ - граѓаните тагуваат по коњот кој беше повреден, а потоа згрижен и лекуван од ветеринарот Димоски

На големо жалење на сите љубители на животните, почина коњот Дорчо. Тој помина три дена тешко повреден во агонија, лежејќи покрај патот Градско-Прилеп, откако беше удрен од автомобил, а потоа по иницијатива на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев беше транспортиран и згрижен во Прилеп, каде доброволно го лекуваше ветеринарниот лекар Златко Димески. 

Веста за смртта е споделена на социјалните мрежи. 


Ова е еден од коментарите
Првата фотографија е пример како требаше да изгледа конструкцијата која ќе го држеше исправено, а јас се радував и и објавив пост бидејќи конечно почнал да ја движи денеска едната нога!

Во моментот додека со радост го објавував постот, Дорчо веќе бил спремен да замине на местото каде што болки на постојат!

Ја изгубивме битката за Дорчо, но се надевам дека ја научивме лекцијата!

Во целото ова сивило од лоши вести и грди настани, Дорчо беше една светлина околу која се обединија и заеднички со цело срце се вложија многу граѓани, институции, здруженија, активисти, ученици,професори!

Дорчо ни покажа на сите дека

СИЛАТА Е ВО ЗАЕДНИЧКОТО ДЕЛУВАЊЕ!

Откако Дорчо беше донесен во училиштето од страна на службите од Општина Кавадарци, здружението Шепи-2021 директно ги контактираше ЈП Комуналец од Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески!

Никој од нив не остана индиферентен и сите се вклучија во нашата битка за спасување на Дорчо!

Од хумани граѓани беа обезбедени ел.дигалка, каиши и шаторски крила!

Конструкцијата беше веќе направена!

Сите работеа ден и ноќ со полна пареа, сите за Дорчо!

Ако ме прашате дали пак би го направила истото, би ви рекла ДА!

Дорчо не умре со инјекција која ќе го усмртеше додека го вдишуваше ладниот ветар на Плетвар, туку умре на топло опкружен со многу љубов...

Ех Дорчо, ми го скрши срцето, ама како и секојпат, ќе се обидам пак да го составам, за да ја продолжам оваа борба

Zlatko Dimeski , тебе најмногу ти благодарам ,бидејќи лавовски се бореше!

Ти со овој случај им раскажа на учениците една животна лекција и како што рече, изгубивме битка, ама не и војна!

Започнавме револуција на институционално ниво, која допрва ќе продолжи!

Слично

Поврзани вести