Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОПРВА ЌЕ СЕ УТВРДУВА ДАЛИ Е КУЧЕ ИЛИ ВОЛК: АХВ со ветеринари ќе утврдува за какво животно станува збор

ДОПРВА ЌЕ СЕ УТВРДУВА ДАЛИ Е КУЧЕ ИЛИ ВОЛК: АХВ со ветеринари ќе утврдува за какво животно станува збор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) експресно ги отфрли тврдењата кои се појавија во одредени медиуми дека институцијата веќе потврдила оти заловеното животно во населбата Козле е куче, а не волк. Од Агенцијата нагласуваат дека до овој момент немаат дадено таква изјава и дека допрва ќе се утврдува вистината.

За да се стави крај на шпекулациите, АХВ најави дека нивни официјални ветеринари ќе спроведат вонреден инспекциски надзор во Скопската зоолошка градина.

„Целта на надзорот е преку стручна контрола дефинитивно да се утврди видот на заловеното животно, неговиот здравствен статус, како и да се провери дали станува збор за чипиран домашен миленик кој сопственикот си го бара назад, како што се пишуваше во дел од порталите“, појаснуваат од Агенцијата.

Од друга страна, од Зоолошката градина во Скопје претходно потврдија дека станува збор за волк кој бил противзаконски чуван на синџир и со каивче. Според нивните информации, по пријава на граѓани, екипи на МВР и Град Скопје, заедно со стручни лица од градината, успешно го заловиле животното.

Од ЗОО Скопје смируваат дека „волкот“ е питом и мирен, поради што акцијата поминала без инциденти. Сепак, тие упатија остар апел до јавноста:

„Чувањето диви животни како миленици е не само забрането со закон, туку и екстремно ризично за околината.“

Животното во моментов е изолирано во карантинскиот дел на Зоолошката градина, каде е под постојан ветеринарен надзор додека не се завршат сите формални инспекции кои ќе треба да го потврдат неговото потекло.


Слично

Поврзани вести