Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дополнителни 1,4 милиони евра за плоштадот Карпошово Востание

Дополнителни 1,4 милиони  евра за плоштадот Карпошово Востание
Општина Центар ќе и плати на градежната компанија Бетон дополнителни1,4 милион  евра за доизградба на комплексот Карпошово Востание. Како што стои во објавата на Бирото за јавни набавки, станува збор за изградба на дополнителни непредвидени работи на плоштадот кој се наоѓа на самиот влез на Старата чаршија. Инаку на плоштадот веќе во фаза на изградба се четирите големи фонтани, од кои најголемата фонтана ќе се наоѓа во делот кон Старата скопска чаршија, на просторот меѓу црквата Свети Димитрија и зградата на Министерството за транспорт и врски. Во нејзина средина веќе е издигнат споменикот на Филип Втори, а уште една голема фонтана ќе биде изградена во централниот дел на плоштадот која ќе биде украсена со женски фигури. Градежните работи на плоштадот ги изведува Бетон. Целиот проект чини околу пет милиони евра, од кои три милиони евра се потрошени за леење на склуптурите во Италија.
Слично

Поврзани вести