Донирајте на Ненад Панов: Да ја вратиме насмевката на докторот од Кочани
Отворен е и телефонски број за донации за Ненад Панов од Кочани. Граѓаните кои сакаат може да одвојат 100 денари за лекувањето на Панов со вртење на бројот 070/143-107.
Панов кој е доктор од Кочани моментно е во тешка здравствена состојба поради оследици предизвикани од коронавирусот. Панов се лекува во приватна болница и неговото семејство побара помош Панов да може да го продолжи лекувањето и да ја преброди болеста.
„Имаме можност да ја покажеме нашата хуманост и да помогнеме финансиски во лекувањето на нашиот сограѓанин, Др Ненад Панов кој е во тешка здравствена состојба, и кој по наше барање беше префрлен во клиника,,Систина”
Со вртењето на бројот 070/143-107 сите помагаме Нено да се врати побрзо кај нас.
Големо благодарам од семејство Панови
Сметки за донација:
200000265627702 – Стопанска банка
530500015718516 – Охридска банка
