Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОНИРАЈТЕ КРВ, ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА Е 37-ГОДИШНАТА ЖЕНА: Се бори за живот по сообраќајната несреќа во Скопје

ДОНИРАЈТЕ КРВ, ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА Е 37-ГОДИШНАТА ЖЕНА: Се бори за живот по сообраќајната несреќа во Скопје

Жена од Романовце уште се бори за живот по вчерашната сообраќајна несреќа. 37-годишната М.А. е итно хоспитализирана, но на социјалните мрежи граѓаните споделуваат апели за донирање крв, особено што нејзината крвна група е ретка, нулта негатив (0 -).

Според полицијата, вчера околу 07:35 часот, две возила се судриле на булеварот „Никола Карев“, кој води кон познатата Пластичарска улица, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А. од село Романовце, и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.А. од Скопје.

Како последица на несреќата, М.А. се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината состојба е критична, поради што е хоспитализирана во приватна болница во Скопје. Д.П.А., пак, се здобила со помали повреди и е пренесена во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.


Слично

Поврзани вести