Економија, финансии, бизнис

Контакт

Донев си ја сфати грешката и пораката од јавноста: Веќе нема да лета со бизнис класа

Донев си ја сфати грешката и пораката од јавноста: Веќе нема да лета со бизнис класа

Директорот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот изминативе неколку дена се најде под силна критика и притисок на јавноста.

Во изјава за ТВ 24 Александар Донев вели дека ја сфатил пораката која јавноста му ја испратила и дека во иднина на самити ќе патува со автомобил и со нискобуџетни компании.

Како доказ дека претходно патувал со економска класа Донев ги покажа на увид авионските карти пред камерата на ТВ 24.

Според Донев Македонија не ги користи доволно потенцијалите и ресурсите за развој на туризмот, затоа вели се подготвува Национална стратегија за развој на туризмот, со која ќе се постави нова организираност во Агенцијата и ќе се редуцираат трошоците на Агенцијата.

Имено, Донев во јавноста беше познат и по активист на Шарената револуција.

Слично

Поврзани вести