Економија, финансии, бизнис

Контакт

Донесена одлука за одземање на имунитет на судиите од „Титаник 2“

Донесена одлука за одземање на имунитет на судиите од „Титаник 2“

Судскиот совет денеска објави дека е донесена Одлука за одземање на имунитет на судии. 

Оваа одлука е донесена на денешното продолжение на 261 - та седница.

Членовите на Судскиот совет денеска расправаа за одземање на имунитетот на пет судии од Управниот суд, а кои беа под истрага во предмет покренат од Специјалното јавно обвинителство поврзан со сомневања за изборни измами, а под кодно име „Титаник 2“.

Одлуката е донесена откако судијката која треба да го оценува обвинителниот акт Верка Петковска ипратила барање за оценка на имунитетот на обвинетите судии

Судиите се осомничени за злоупотреба на судиската функција во партиски цели - судско решавање на приговори во корист на владејачката партија.

Освен за имунитетот на судиите осомничени во предмет на СЈО, Судскиот совет донел решение и за престанок на судиска функција на Абдула Лимани, судија на Апелационен суд Скопје, поради навршени 64 години.

На седницата било донесено решение за престанок на судиска функција на Јаготка Денковска, судија на Основен суд Куманово, поради навршени 64 години.

Слично

Поврзани вести