Економија, финансии, бизнис

Контакт

Донела пакет за осуденик во Идризово, полицијата пронашла прашкаста материја и марихуана

Донела пакет за осуденик во Идризово, полицијата пронашла прашкаста материја и марихуана

Полициски службеници ја лишиле од слобода 25-годишната В.А. од скопско, откако при преглед на пакет што го донела за осудено лице во Затворот Идризово биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана.

Според информациите од МВР, случајот се случил на 20.05.2026 година, во 15:30 часот, пред Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

„Полициски службеници ја лишија од слобода В.А.(25) од скопско затоа што при преглед на пакет кој го донела за осудено лице биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана“, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Слично

Поврзани вести