Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дончо Герасимовски по објавувањето на демографските резултати: Иселувањето и нискиот наталитет ќе продолжат

Дончо Герасимовски по објавувањето на демографските резултати: Иселувањето и нискиот наталитет ќе продолжат

Поранешниот директор на Заводот за статистика., Дончо Герасимовски, во вестите на Канал 5 рече дека очекува и во блиска индина да продолжи падот на наталитетот и иселувањето кај македонските граѓани, откако беа објавени демографските показатели за 2020.

Минатата година, згора на се, беше додадена и високата смртност на населението. Минатата година се родиле 19.031, а починале 25.755. На пример, во однос на 2016-та, бројот на новородени е за речиси 4.000 помалку.

„Врсоката стапка на смртност го направи своето,. Овој тренд може да продолжи и состојбите во однос на демографската слика да бидат малку загрижувачки. На последниот попис во 2001 имаше околу 160 населени места со помалку од 10 жители, а сега по 20 години можете да замислите што се случило“, рече Герасимовски.

Според статистичарот, кај Македонците и Србите има константно иселување, додека кај албанското и турското население има минимален процент на подобрување кај овој тренд.

Слично

Поврзани вести