Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дончиќ: Она што ви го правеа и што уште ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е срамота

Дончиќ: Она што ви го правеа и што уште ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е срамота

Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Хајдаш Дончиќ вели дека не е во ред тоа што има вета на македонскиот пат кон Европската Унија(ЕУ).

„Лично мислам дека она што ви го правеа и што уште ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота. Тие работи треба да останат билатерални, да ги решава Македонија со Грција и со Бугарија, а не да постојат вета, некакви забрани за македонскиот пат во Европа“, рече претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Хајдаш Дончиќ по денешната средба со својот домаќин, лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Дончиќ напомена дека СДП силно ја поддржува европската перспектива на Македонија.

И тој и Филипче се согласија дека ЕУ не треба да се гледа како стратешка цел, туку како инструмент за стигнување до стратешката цел, а тоа е, рекоа, подобар живот за граѓаните.

На средбата станало збор и за збратимување на градовите, чии градоначалници во Македонија се од СДСМ, а во Хрватска од СДП, со цел нивна подобра подготовка за членство во ЕУ.

„Македонија низ историјата секогаш била во извонредно добри односи со Хрватска, и стопански и културни и политички. Така и ќе остане. Мора да знаете дека ЕУ е само средство за остварување на вашите национални цели, а тоа се благосостојба и добар живот за граѓаните. На тој пат имате искрен пријател во СДП на Хрватска и во мене. Тој пат е трновит, можеби ЕУ не е иделана, но за мали народи како нашите, во овој момент не гледам подобра асоцијација, не постои“, истакна лидерот на СДП.

Претседателот на СДСМ, Филипче нагласи дека со хрватскиот колега Дончиќ делат иста визија.

фото Фејсбук/Венко Филипче

Слично

Поврзани вести