Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОНАЦИЈАТА ВАКЦИНИ ОД БУГАРИЈА ПРИСТИГНА: Над 50.000 дози Фајзер се дистрибуирани и спремни за аплицирање

ДОНАЦИЈАТА ВАКЦИНИ ОД БУГАРИЈА ПРИСТИГНА: Над 50.000 дози Фајзер се дистрибуирани и спремни за аплицирање

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утринава на својот профил на Твитер објави дека во земјава веќе од вчера се пристигнати вакцините кои Бугарија и ги донираше на Македонија

-Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија. Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша шефот на дипломатијата, Османи.

Рокот на овие вакцини истекува на крајот на септември, па пратката се очекуваше да пристигне пред неколку дена. Сепак, како што за Фактор соопштија од Министерството за здравство, со оглед на дневната динамика на аплицирање, овие 51.480 вакцини ќе бидат употребени за 5 до 7 дена за ревакцина, како и за примање прва доза, за што интересот кај граѓаните е голем.


Слично

Поврзани вести