Економија, финансии, бизнис

Контакт

Донацијата не е за соседи, туку за сонародници, рече Каракачанов за вакцините

Донацијата не е за соседи, туку за сонародници, рече Каракачанов за вакцините

Македонија ќе добие донација вакцини против коронавирус од Бугарија, а бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во интервју за БНТ денеска изјави дека најавената донација не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од Европската унија (ЕУ).

„Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. Тие се бугарски граѓани. Кога ние ги признаваме за Бугари треба да им дадеме можност да им се помогне“, рече Каракачанов.

Бугарската Влада пред неколку дена одлучи дел од секоја пратка со вакцини против ковид-19 која ќе стаса во Бугарија да ја донира за граѓаните на Македонија.

Австрија ќе одвои вакцини за Западен Балкан, вклучително и за Македонија. 

Во регионот, соседна Србија веќе почна со вакцинација на населението. 

Слично

Поврзани вести