Економија, финансии, бизнис

Контакт

Донација од 25.000 евра за Градска болница од бизнисменот Анѓушев

Донација од 25.000 евра за Градска болница од бизнисменот Анѓушев

Поранешна Градска болница во Скопје, односно Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје денеска информира дека добила донација на медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 25.000 евра од бизнисменот Кочо Анѓушев за еден кат од одделот за абдоменална хирургија.Донацијата ќе биде искористена за опремување на еден кат од Одделот за абдоменална кој веднаш ќе биде ставен во функција за  зголемување на капацитетот на клиниката и нејзино ефективно работење.

-Станува збор за оддел што е во целост изолиран од останата клиника и со посебен влез и лифт и е неодамна реновиран, но поради финансиската ограниченост на клиниката не беше соодветно опремен, се наведува во соопштението на Клиниката за жируршки болести. .

Истовремено наведуваат дека Клиниката ќе ја информира јавноста за сите донации кои ќе бидат обезбедени со кои би се зголемил капацитетот на оваа здравствена установа.


Слично

Поврзани вести