Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домот – центарот на нашиот свет

Домот – центарот на нашиот свет
Ништо не може да ни обезбеди такво чувство на сигурност и безгрижност како сопствениот дом. Место во кое ги вгнездуваме своите животи и во кое се проткајуваат нашите семејни приказни, место каде подигаме генерации, се радуваме на новите членови, прославуваме и живееме со полни гради  Она што повеќето го посакуваат за себе и за своите најблиски е топол дом во кој ќе го поминуваат своето драгоцено време, место креирано токму според нивните потреби, место полно со хармонија, простор и светлина. Токму тоа го нуди станбениот комплекс  Капитол Резиденс.  Уште веднаш штом ќе влезете ќе ја почувствувате позитивната енергија на просторот и на ентериерот. Лоциран во скопската населба  Аеродром, овој комплекс нуди 72 ексклузивни стана и деловен простор во склоп на комплексот „Капитол мол и резиденс“. За сите животни приказни кои овде ќе се раскажуваат овој комплекс нуди пространи и модерни станови, со разновидни варијанти во распоредот и големината, како студио тип или станови со 3+1 простории, како и апартмани со пространи тераси кои се посебно доживување сами по себе.   Станбениот комплекс Капитол Резиденс е детерминиран да продолжи да го одржува и развива идниот дом на своите станари, правејќи го најдоброто место за живеење и за поминување на нивното драгоцено време. Постои беспрекорна  звучна и топлотна изолација, а материјалите кои се употребени за ѕидовите се од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни матерјали. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови.  Ѕидовите се изведени од ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Како дополна на квалитетните ѕидови  во сите простории поставени се алуминиумски прозори и врати со термо мост, а истите застаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова на секој станар му овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период. kapitol Овој комплекс афирмира поинаков квалитет на живеење, комбинирајќи го домувањето со атрактивните содржини на еден современ трговски центар. Влезот за станарите е со посебни лифтови, а тие имаат директна комуникација со Трговскиот центар и со Фитнес центарот, со беспрекорно зачувувањето на дискретноста на домовите и приватноста на станарите. Концептот на овој комплекс е да привлече луѓе кои знаат што сакаат за себе и кои напорно работат за да го постигнат тоа, но во исто време максимално уживаат во животот. 2-650x396 Станбениот комплекс Капитол Резиденс е фокусиран пред сè на задоволството на своите станари, ве поканува да дојдете во посета и да се уверите дека никогаш нема да посакате да заминете од овде.
Слично

Поврзани вести