Домот е најскапоценото место на светот: Се огласи Боки 13, еве што посакува за новата година
Домот е најскапоценото место на светот. Во Новата 2024 ќе ви посакам бесконечна среќа и здравје, многу радости и благосостојба. И верувајте, и верувајте, и силнооо верувајтее и никогаш не се откажувајте од своите цели ма колку и да е тешко и невозможно. Силната верба, искрената желба и позитивната мисла помагаат !
Со овие зборови се огласи денеска Бојан Јовановски или попознат како Боки 13, кој по жалбите од адвокатот, придружени со медицинска документација дека е во животнозагрозувачка ситуација го напушти затворот и повторно се докажува на суд за делата кои му се теретат.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
