ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И БАНКИ УБАВО ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ - ја кредитираа државата со 60 милиони евра, ќе наплатат камата од 3,9 отсто
Ново задолжување на државата преку државни обврзници издадени на домашниот пазар, а кои од вчера почнаа да котираат и на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Државата овој пат се задолжува на сума од близу 60 милиони евра, преку тригодишни државни обврзници, што значи дека средствата ќе бидат вратени во 2027 година.
За овие позајмени пари државата ќе им плати на домашните инвеститори, што значи на банките, инвестициските или пензиските фондови, ќе им плати каматна стапка од 3,9 отсто годишно.
Инаку, државната обврзница е издадена на крајот на ноември оваа година, а парите ќе бидат вратени на крајот на ноември 2027 година.
Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула.
Н.Н.Ф.
Слично
