Домашна задача од Хан за Македонија и другите земји од Западен Балкан
Канцеларијата на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан им даде домашна задача на нашата земји и државите од регионот.
Тие испратиле мини- прашалник на кој македонските министерства треба да одговорат до каде се со остварување на зацртаните обврски и реформи.
Прашањата се однесуваат на напредокот на секое министерство поединечно од утврдената европска агенда, поради што нашата влада вчера ги задолжи сите министерства да ги одговорат прашањата за да бидат пратени што е можно поскоро во Брисел.
Прашалникот треба да биде одговорен до 17-ти октомври, а одговорите ќе се користат како информативен материјал за најновиот есенски извештај на Комисијата.
Ваков прашалник за Македонија и за земјите од Западен Балкан, последен пат имало пред 13 години.
