ДОМАШНА КОМПАНИЈА ТВРДИ ДЕКА АД ВОДОСТОПАНСТВО ЗЛОУПОТРЕБУВА НАРОДНИ ПАРИ: Еве што објавија (ВИДЕО)
Домашна компанија обвинува дека на тендер на акционерското друштво Водостопанство на Македонија изгубиле од друг понудувач чија цена е три пати повисока отколку нивната.
Претставничка на компанијата „KAZ Group“, која брои 40 вработени, соопшти дека по спроведена постапка изгубиле од компанија која има три пати поскапа понуда, и тврди дека станува збор за злоупотреба на народни пари од компанија која важи за загубар.
- Ова е прв пат вака јавно да се обратиме до сите Вас, а воедно и до Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, до Антикорупциска комисија и до одборот на директори на АД Водостопанство на Македонија. Ова го правиме бидејќи компанија која со само еден вработен и со понуда која вреди 10 милиони денари е избрана, иако главен критериум е пониската цена - вели претставничката на компанијата.
Во нивотно видео обраќање, од компанијата појаснуваат дека им е потребна поддршка од граѓаните, и бараат и самите граѓани да кажат дали во овој случај забележуваат неконтролирано злоупотребување на народни пари.
- По однос на спроведената отворена постапка по оглас бр.16299/2023 од 14.09.2023 година, за доделување на договор за јавна набавка за потребите на АД Водостопанство на РСМ во државна (граѓанска) сопственост, каде што ЕДИНСТВЕН критериум за избор на понудувач е ПОНИСКА ЦЕНА на понудата!
Нашата понуда изнесува
3.399.803,39,
(KAZ Group-македоско производство кое храни 40 македонски фамилии)
а избран е економски оператор чија понудена цена е
9.963.005,05
(трговско другштво со увозени странски производи и еден вработен - 3N Development Group)
која е за ТРИ ПАТИ ПОВИСОКА од нашата понудена цена.
АД Водостопанство на РСМ е загубар коj користи пари на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство (народни пари) - пишува во нивната објава на Фејсбук.
Тие како што објавуваат на Фејсбук, свое писмо со забелешки испратиле до надлежните институции, и како што посочуваат, сметаат дека во овој случај има злоупотреба на народни пари.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
