Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домашен буџет и социјален живот, што беше тоа?

Домашен буџет и социјален живот, што беше тоа?

Според анкета направена од српскиот весник Блиц, дури 35% од граѓаните изјавиле дека не се сеќаваат кога последен пат отишле со семејството на ручек во ресторан, а 17% одговориле дека ова задоволство не си го приуштиле повеќе од година дена.

Тие објасниле дека немаат пари. Весникот пишува дека овој ритуал порано можела да си го дозволи средната класа.

Според анкетата, 11% од анкетираните еднаш неделно одат со семејството на ручек во ресторан.

„Имавме планови барем по 20 или 25 години од брак барем еднаш годишницата да ја одбележиме со вечера во ресторан.  Но, не може да се планира. Прво ни се расипа правосмукалка, а потоа миксер и пегла. Попаметно беше парите одвоени за вечера да ги дадеме за купување на апарати за домаќинство“ - раскажува читател.

Од анкетата 26% од граѓаните не викаат гости затоа што не се во можност да ги пречекаат, а 27% не одат на гости поради финансиски причини. Од испитаниците 34% кажале дека се дружат на кафе средби со пријателите.

Слично

Поврзани вести