Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дома ни е онаму каде што сме заедно, но каде и да сме, го празнуваме Бадник“: Празнично интервју со Зоран Љутков, министер за култура и туризам

„Дома ни е онаму каде што сме заедно, но каде и да сме, го празнуваме Бадник“: Празнично интервју со Зоран Љутков, министер за култура и туризам

Кога календарот тивко се приближува кон крајот на годината, а светилките по домовите почнуваат да зборуваат наместо луѓето, празниците нè потсетуваат на она што е суштинско – топлината на домот, мирисот на лепче со паричка, прегратката што трае подолго од секој збор. Во тие денови, времето како да застанува за миг, оставајќи простор за сеќавања, благодарност и надеж.

Во таква празнична атмосфера го водиме разговорот со Зоран Љутков – човек кој македонската јавност го познава најпрво како актер, а денес и како министер за култура и туризам. Но, зад јавната улога и одговорностите што ги носи функцијата, стои еден сопруг, татко и семеен човек, кој со истата посветеност со која ги градел улогите на сцената, ја гради и својата домашна приказна. Заедно со сопругата Маја Љутков, исто така актерка, и нивните ќерки Сирма и Галена, празниците за него не се само датуми, туку живи моменти исполнети со смеа, заедништво и споделена радост.

Во овој разговор, министерот нè води низ своите детски спомени за Нова година, Бадник и Божиќ, низ семејните ритуали што денес ги пренесува на своите ќерки, но и низ размислите за балансот меѓу професионалниот ангажман и најважната улога во животот – онаа на татко. Со актерска чувствителност и човечка искреност, тој зборува за домот како чувство, а не како место, за традициите што се носат во срцето и за вредностите што остануваат и кога светлата ќе се изгаснат.

Ова е празнично интервју за семејството како засолниште, за љубовта што се учи низ секојдневни мали гестови и за вербата дека, каде и да сме – ако сме заедно, сме дома.

Кога разговорот го започнавме со споменот на Нова година, Бадник и Божиќ, министерот Зоран Љутков, нè врати таму каде што, како што вели, се втиснати најсилните и најчисти емоции од детството.

„Семејството секогаш на прво место! Така ми е останата меморијата од детството, да го прегрнеш и да му честиташ на тој што знаеш дека секогаш ќе стои зад тебе и во добро и во лошо, а и ти за него. Тоа го пренесувам и на моите ќерки. Кај и да си, со семејството да си.“

Целиот текст на Женски магазин. 

Слично

Поврзани вести