ДОМА МУ НАШЛЕ 663 КУТИИ ЦИГАРИ - полицијата уапси крадец кој ограбил маркет
Полициски службеници од СВР Струмица денеска го лишија од слобода Г.П. (40) од Струмица поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица.
При претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот.
Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Слично
